Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип, во содејство со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Штип, денеска (31.01.) на улицата „Сутјеска“ на потегот во близина на Градскиот пазар во Штип, реализира превентивна кампања под мотото – „Заштити се од џепни кражби“.
Притоа, покрај делењето печатени информативни летоци, полициските службеници во разговори со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, потенцираа низа корисни совети за заштита од имотните кривични дела како разбојништвата, дрските кражби, измамите и други имотни деликти. Особено беше нагласена потребата за соработка и навремена комуникација со полицијата со брзо и точно пријавување на бесплатниот број 112, во интерес на благовремено преземање соодветни полициски мерки.