30 јануари 2025

Превентивна активност на СВР Велес

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, денеска (30.01.) во Основното општинско училиште „Васил Главинов“ во Велес, реализираа едукативно предавање за учениците на темите -  „Насилство во училиштата“, „Сајбер булинг“ и „Внимателност при користење на социјални мрежи“. 

На предавањето преку наменски подготвени презентации учениците беа запознаени со формите на насилничко однесување, начините и методите за справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, како и околу последиците од девијантното однесување. Воедно, на децата им беше укажувано на поголема внимателност при користењето на социјалните мрежи, односно неприфаќање на било какви постирани предизвици, кои може да им наштетат.