30 јануари 2025

Превентивни активности на СВР Штип

Денеска (30.01.) од страна на  полициски службеници од ПО за БПС Берово на подрачјето на ОВР Берово,  поточно на Владимирска крстосница, беше спроведена превентивна активност на тема - „Не користи мобилен телефон додека возиш “.

Целта на превентивната активност беше зајакнување и зголемување на сообраќајната култура и почитување на сообраќајните правила и прописи. Преку непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, пред се на возачите , им беше укажувано за опасноста од користење на мобилен телефон за време на управување со моторно возило. Воедно на возачите им беа поделени и едукативни печатени материјали изработен од РСБСП, а се со цел превенција и заштита од оваа појава и воедно зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Исто така денеска, на повеќе пунктови на подрачјето на ОВР Виница, полициски службеници од оваа организациона единица при СВР Штип реализираа превентивна кампања од областа на безбедноста на сообраќајот. Под мотото „Стави појас“ полициските службеници во непосредна комуникација со возачите говореа за важноста од почитување на оваа безбедносна мерка, истовремено делејќи едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП. 
Покрај ова, полициски службеници од ПС ОН Пробиштип реализираа едукативно предавање во СОУ „Наум Наумовски Борче“ тематски посветено на „Превенција од сајбер насилство“. Притоа за учениците беа презентирани две проектни активности и тоа: „Сајбер булинг во училиштата“ и „Користење безбеден интернет“, а со цел нивно информирање и запознавање како да се детектираат, односно препознаат ваквите девијантни појави и да се подигне свеста и безбедносната култура во насока на благовремена превенција и заштита, како и запознавање со надлежностите на МВР во контекст на сузбивање на овие појави.