Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово денеска (30.01.) во централно градско подрачје во Куманово со ПС за БПС реализираа превентивна активност во рамки на кампањата „Не вози под дејство на алкохол“
Целта на превентивната активност беше да се потсетат возачите да возат внимателно и да се грижат за сите учесници во сообраќајот, да не возат под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
Исто така беше реализирана и превентивна активност под мотото „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. Полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните укажуваа на потребата од прописно паркирање на возилата, со цел ослободување на тротоарите и другите пристапни места за пешаци и за возила во интерес на пешаците и велосипедистите, како и овозможување видливост и слободен проток на возила на сообраќајниците.