Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од ПСОН Аеродром во општинските основни училишта „Гоце Делчев“ (централно и подрачно во Горно и Долно Лисиче) и „Александар Македонски“ реализираа три едукативни работилници со учениците членови на училишните клубови за превенција, а на теми поврзани со превенција од насилство на спортски натпревари и превенција од насилство на социјалните мрежи – односно „сајбер булинг “. Покрај ова, исто така денеска, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП на подрачје на ПСОН Аеродром спроведе сообраќајно превентивна активност под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима - користи зимска опрема“. Во рамки на активноста на учесниците во сообраќајот им беа делени едукативни материјали изработени во соработка со РСБСП.