Денеска (29.01.) полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Струмица спроведоа превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот на подрачје на Струмица.
При реализација на активноста беа опфатени повеќе теми и тоа: „Вози одговорно“, „Не корист мобилен додека возиш“ и „Патувај безбедно во зима“.
Со делење на едукативни летоци полициските службеници истовремено им укажуваа на возачите да ја прилагодат брзината на движење кон поставената сообраќајна сигнализација и условите и состојбата на патот, потсетувајќи ги дека најголем број сообраќајни несреќи се случуваат поради неприлагодена брзина. Исто така, им беше укажано дека и зборувањето на телефон и пишувањето на пораки додека управуваат моторни возила е опасно и ризично, а воедно ги потсетија и за задолжителното поседување на зимска опрема во возилата.