27 јануари 2025

Превентивни активности на СВР Велес

 

Денеска (27.01.), Отсекот за превенција при СВР Велес и полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес на подрачјето на Велес реализираа превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот под мотот - „Вози одговорно, патувај безбедно“ и ,,Биди подготвен за безбедно патување во зима".

Полициските службеници во непосредна комуникација со возачите укажуваа за потребата од стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се од аспект на личната и колективната безбедност во сообраќајот, особено сега во зима, кога условите на патиштата бараат максимална внимателност, како и почитување на нормираните одредби за сезонско користење на зимска опрема и зимски пневматици во периодот од 15.11. до 15.03.

Воедно, на возачите им беа поделени едукативни летоци изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со корисни информативни содржини во интерес на безбедноста во сообраќајот.