На 25.01.2025 на повеќе локации во Штип, Остекот за превенција при СВР Штип во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип спроведе превентивно - едукативна активност под мотото „Паркирај совесно, паркирај одговорно“.
Притоа, на возачите им беа давани совети за поголема безбедност во сообраќајот, за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, како и за ризиците што ги демнат учесниците во сообраќајот од погрешно паркираните возила, односно паркирани на места каде што не е дозволено. Исто така, на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина со цел зголемување на безбедност во сообраќајот на сите учесници.