24 јануари 2025
„Вози одговорно, патувај безбедно“, превентивна активност на СВР Велес
Денеска (24.01) на повеќе локации во Кавадарци од страна на полициски службеници од ПС Кавадарци при СВР Велес реализирани се превентивни активности од областа на безбедноста на сообраќајот. Полициските службеници во непосредна комуникација со возачите укажуваа за потребата од стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, особено сега во зима, кога условите на патиштата бараат максимална внимателност. Воедно, на возачите им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со корисни информативни содржини во интерес на безбедноста во сообраќајот.