Денеска (23.01.) од страна на полициски службеници при ОВР Свети Николе, во централното градско подрачје na Свети Николе, беа реализирани превентивни активности од областа на безбедноста во сообраќајот, а во рамки на кампањата – „Паркирај совесно, паркирај одговорно“. Притоа, во непосредна комуникација со граѓаните, односно возачите, полициските службеници укажуваа на неопходноста од почитувањето на сообраќајните правила и прописи во поглед на правилното паркирање како еден од факторите за поголема општа безбедност во сообраќајот, како од аспект на сигурноста на пешаците, така и од аспект на безбедноста на сообраќајната фрекфентност и движење.
Исто така, во соработка со РСБСП, на возачите им беа делени печатени летоци со информативна содржина околу правилното паркирање, со законските казниви одредби и препораки за почитување на прописите.