22 јануари 2025

Превентивни активности на СВР Штип

 

Денеска (22.01.) од страна на полициски службеници од ПО за БПС на подрачјето на ОВР Берово беше спроведена превентивна активност околу задолжителното користење на зимска опрема за возилата. Од страна на полициски службеници на возачите им беше укажано да ги почитуваат собраќајните правила и им беа поделени едукативни материјали, изработени со поддршка од РСБСП.

Исто така денеска, на локации во близина на градскиот пазар во Виница, од страна на полициски службеници при ОВР Виница беше спроведена превентивна активност за заштита на граѓаните од различните форми на имотни деликти како што се измамите, разбојништвата, кражбите и друго. Посебен акцент беше ставен на превенцијата од џебни кражби и измами врз постарите лица и пензионерите, како и за провалните кражби во домовите. Притоа, во непосредна комуникација, на граѓаните им беше укажано како да се заштитат од овие кривични дела, а воедно и им беа поделени печатени едукативни материјали со корисни совети за нивна заштита и соработка со полицијата.