Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (22.01.), во соработка со РСБСП, во централното градско подрачје на Скопје реализираше сообраќајно превентивна активност под мотото - „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Користи појас додека возиш - биди одговорен возач “.
Притоа, во непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот полициските службеници укажуваа за неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, вклучително и по однос на проблематиката поврзана со безбедносните мерки од типот на задолжително користење сигурносни појаси при возење и недозволената употреба на мобилни телефони во текот на возењето. Во рамки на активноста на учесниците во сообраќајот им беа делени едукативни материјали изработени во соработка со РСБСП.