Одделението за превенција при СВР Скопје вчера (20.01.) во соработка со РСБСП на подрачјето на ПСОН Гази Баба, односно на булеварот „Александар Македонски“ во близина на клучката „Ченто“, спроведе сообраќајно превентивна активност под мотото - „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Користи појас додека возиш - биди одговорен возач“.
Основната цел на проектот беше насочена кон зголемувањето на сообраќајната култура и почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Во рамки на активноста на учесниците во сообраќајот им беа делени едукативни материјали изработени во соработка со РСБСП.