Полициското одделение за безбеднoст на сообраќајот од ОВР Ресен при СВР Битола, вчера (20.01.) во соработка со РСБСП на подрачјето на Ресен, поточно на излезите од градот, спроведе превентивно едукативна активност од областа на безбедноста во сообраќајот.
Овој пат фокусот на активностите беше насочен кон алкохолот и управувањето на моторно возило, a под мото - „Алкохол и волан-најлоша комбинација“. Исто така, полициските службеници укажуваа и на задолжителното користење на сигурносни појаси при возење, како за возачите така и за лицата-сопатници, и околу законската обврска за користење на зимска опрема.
На возачите, од страна на полициските службеници им се потенцираше важноста на овие икслучително безбедносни мерки, пропишани со закон, а во интерес на индивидуалната, но и општата безбедност на сите учесници во сообраќајот. Во рамки на активноста, на учесниците во сообраќајот им беа делени едукативни материјали изработени во соработка со РСБСП.