21 јануари 2025

„Не користи мобилен телефон додека возиш“, превентивна активност на СВР Струмица

 

Денеска (21.01.) полициски службеници од Отсекот за превенција и од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Струмица спроведоа превентивни активности на подрачје на Струмица на темата - „Не користи мобилен телефон додека возиш“.

Со делење на едукативни летоци полициските службеници им укажуваа на возачите дека зборувањето на телефон и пишувањето на пораки додека управуваат моторни возила е опасно и ризично. На тој начин може да биде одвлечено нивното внимание, со што би се довеле во опасност да предизвикаат сообраќајни несреќи.