20 јануари 2025

Превентивна активност на СВР Скопје

 

Вчера (19.01.) Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба, поточно на платото пред трговски центар „Ист Гејт“ спроведе превентивна активност под мотото – „Не користи петарди и други пиротехнички средства“.
Притоа, во непосредна комуникација, полициските службеници ги информираа граѓаните за ризиците од употреба на оружје или пиротехнички средства, особено при веселби или прослави. Воедно беа потенцирани и казнените одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, со коишто се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните. На граѓаните им беа поделени и едукативни летоци со цел подигање на нивото на свеста и почитување на законска регулатива, наспроти прекршочното или кривично санкционирање.