Денеска (17.01.) од страна на полициски службеници од Полициските одделенија за безбедност на патниот сообраќај Кавадарци и Неготино, на подрачјето на Кавадарци и Неготино, реализирана е сообраќајна превентивна едукативна активност под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима-користи зимска опрема“.
Основната цел на активноста беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на нормираните одредби за сезонско користење на зимска опрема и зимски пневматици во периодот од 15.11. до 15.03, односно потенцирање на важноста од почитувањето на прописите, пред се од аспект на личната и колективната безбедност во сообраќајот. Воедно на возачите им беа поделени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП со пораки за безбедно управување на возилата, за потребната опрема и за важноста на техничката исправност на возилата кои ги управуваат во специфичните зимски услови.