15 јануари 2025

Превентивна активност на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП денеска (15.01.) спроведе превентивно-едукативни активности од областа на безбедноста во сообраќајот, под мотото „Користи зимска опрема - Биди одговорен возач“ и „Стави појас“.

 Активностите беа реализирани на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар. Целта на активностите беше насочена кон зголемување на сообраќајната култура, пред се преку укажувања за почитување на сообраќајните правила и прописи, како и со зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

Во рамки на активностите на учесниците во сообраќајот им беа делени печатени едукативни материјали изработени во соработка со РСБСП.