Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица денеска (14.01.) спроведоа превентивни активности на подрачје на Струмица под мотото „Вози одговорно - патувај безбедно“. Со делење на едукативни летоци, обезбедени од РСБПС, на возачите им беше укажано за потребата од доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи.
Ваквите активности ќе продолжат и во наредните денови, а се со цел подигање на свеста кај возачите за безбедно патување.