13 јануари 2025

Превентивна активност на СВР Куманово

 

Денеска (13.01.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во централното градско подрачје во Куманово реализираа превентивна активност во рамки на кампања „Вози безбедно, слави одговорно “.
Од страна на полициските службеници на учесниците во сообраќајот им беше укажано на законската обврска за поседување на зимска опрема, која започна на 15 ноември и важи до 15 март и се однесува на секое возило кое учествува во сообраќајот, независно дали е тоа во населено место или надвор од населено место, а исто така беше укажано и за почитување на сообраќајните правила и прописи во зимски услови.
Целта на превентивната активност беше да се потсетат возачите како непосредни учесници во сообраќајот за задолжителната обврска за поседување на зимска опрема, како и околу потребата од прилагодување на зимските услови на патиштата, а во насока на безбедно движење и пристигнување на посакуваната дестинација. На возачите-учесници во сообраќајот им беа поделени летоци со корисни информации околу законските прописи и сообраќајните правила изработени во соработка со РСБСП.