Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во соработка со РСБСП денеска (13.01.) во Битола спроведоа превентивно едукативни активности под мотото „Користи зимска опрема - биди одговорен возач“ и „Вози одговорно, патувај безбедно“. Едукативно превентивните активности беа спроведени на подрачјето на Битола.
Основна цел на проектот беше насочена кон зголемување на сообраќајната култура, пред се во интерес на почитување на сообраќајните правила и прописи, како и за зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Исто така, на возачите им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП.