Денеска (13.01.) на неколку пунктови на подрачјето на Виница од страна на полициски службеници од ОВР Виница беа спроведени превентивни активности под мотото „Вози одговорно, патувај безбедно“ и „Биди одговорен возач, користи зимска опрема“.
Наповеќе локации во градот и околината полициските службеници на граѓаните, возачи и пешаци, им делеа наменски изработени информативни летоци, подготвени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со содржини и совети за безбедно учество во сообраќајот, а во непосреден разговор на граѓаните им беше укажувано за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи.
Исто така, до граѓаните беа упатени апели за почитување на законски задолжителната обврска за поседување на зимска опрема, како и прилагодувањето на сообраќајот во зимски услови на патиштата.