09 јануари 2025

Превентивни активности на СВР Скопје

 Денеска (09.01.), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП спроведе сообраќајна превентивно - едукативна активност под мотото – „Користи зимска опрема - Биди одговорен возач“ и „Вози одговорно, патувај безбедно“.

Превентивните активности беа спроведени на подрачјето на Полициската станица Центар, односно на булеварот „Крсте Петков Мисирков“ на локации до универзитетската библиотека.
Основна цел на проектот беше зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.

 Исто така, на возачите, покрајинформативните укажувања, им беа делени и едукативни печатени материјали изработени во соработка со РСБСП.