09 јануари 2025

Превентивна активност на Регионалниот центар за гранични работи Југ

Полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ во соработка со локалната власт во општина Кавадарци, денеска (09.01.) на Ски центарот Михајлово, со посетителите на центарот, како и со жители на околните места кои што гравитираат околу Михајлово, спроведоа превентивна активност фокусирана на заштита од екстремни температури.

 

Полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните, преку практични и показни активности укажуваа како луѓето можат и треба да се заштитат во околности на екстремни временски услови и непогоди, особено при снежни наноси и мраз, потоа како да се пружи прва помош во насока на превенирање на потенцијалните опасности.