08 јануари 2025

„Вози одговорно- патувај безбедно“, превентивна активност на СВР Струмица

Денеска (08.01.2025) полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Струмица во соработка со РСБСП спроведоа превентивни активности на подрачје на Струмица под мотото „Вози одговорно - патувај безбедно“.

Во непосреден разговор со возачите и преку делење на едукативен материјал, изработен во соработка со РСБСП, од страна на полициските службеници беше укажувано за потребата од доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. Активноста е спроведена со цел подигање на свеста, пред се кај возачите, за нивната улога во безбедното одвивање на сообраќајот, а со тоа и за нивна лична безбедност.