Денеска (06.01.2025), на повеќе локации на подрачјето на Струмица, полициски службеници од Отсекот на превенција при СВР Струмица и Полициската станица Струмица спроведоа превентивна активност во рамки на проектот „МВР за граѓаните“.
Преку непосреден разговор, низ практични совети и искуства, како и со делење на летоци со едукативна содржина граѓаните беа запознаени со улогата, задачите на полицијата, за транспарентноста на институцијата и отвореноста кон нив, а се во насока на обезбедување и гаранција на сигурноста и безбедноста на граѓаните. Исто така, на граѓаните им беше потенцирана важноста на партнерскиот однос, комуникацијата и соработката помеѓу полицијата и заедницата, со цел рано детектирање на сите евентуални проблеми и зголемување на безбедноста, која што е од заедничкиот интерес.