01 јануари 2025

Превентивна активност на СВР Тетово

 

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и од ОВР Гостивар, во рамки на превентивните активности во врска со незаконската употреба на огнено оружје и пиротехнички средства, вчера (31.12.2024) имаа работна средба со менаџери на угостителски објекти на подрачјето на општина Гостивар.

Притоа, полициските службеници укажаа на потребата од доследно почитување на законските одредби особено од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, за нивните должности како правни и одговорни лица или трговци поединци коишто вршат угостителска дејност, а во насока на преземање соодветни мерки за мирно одржување на прославите во угостителските објекти и како да се реагира при евентуалното нарушување на јавниот ред и мир. Посебен акцент во разговорите имаше и проблематиката околу точењето на алкохол на малолетни лица и други недозволени појави и однесувања.