31 декември 2024

Превентивна активност на СВР Тетово

 

Вчера (30.12.) на подрачјето на ПО Попова Шапка, полициски службеници од Отсекот за превенција со СВР Тетово во содејство со други служби од СВР Тетово, врз основа на изготвен план за превентивни активности, а во врска со Новогодишните и Божикни празници, потоа зимската туристичка сезона како и зимскиот распуст за основците и средношколците, остварија средби со одговорните лица во излетнички места, односно на угостителски објекти и на хотели.

Притоа, на средбата на сопствениците и менаџерите им беше укажано на обврската за доследно почитување на законските одредби особено од законот за прекршоците против јавниот ред и мир, како и за нивна должност како правни и одговорни лица или трговци поединци кои вршат угостителска дејност - да преземаат соодветни мерки во таа насока. Посебен акцент беше ставен на употреба или пукање со огнено оружје или со пиротехнички средства надвор од законските прописи.

Исто така од страна на полициските службеници беше укажано околу забраната за точење алкохол на малолетни лица, како и за законската обврска од навремено пријавување во полиција на било какви нарушувања и други недозволени појави и однесувања на гостите.

Средбата имаше за цел ефикасно функционирање на МВР и одржување на поволна безбедносна состојба во областите на јавниот ред и мир, криминалитетот и безбедност во сообраќајот.