Вчера (30.12.) на подрачје на Гевгелија полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Гевгелија спроведоа превентивна активност под мотото „Алкохолот е лош сопатник – не пиј кога возиш“.
Целта на активноста беше, преку неспоредна комуникација, полициските службеници да им укажат и да апелираат до возачите за штетното дејство на алкохолот врз способноста за управување со моторно возило, а со тоа и за подигање на свеста кај возачите за одговорно учество во сообраќајот.
На возачите им беше поделен и едукативно-информативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП.