Денеска (30.12.2024) полициски службеници од Полициската станица Гевгелија и лекари од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија одржаа едукативни предавања на тема „Не користи пиротехнички средства“, со ученици од Средното општинско училиште „Богданци“ во Богданци.
Учениците беа запознаени со ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето, како и за тоа дека за набавка, продажба и употреба на пиротехнички средства може да бидат прекршочно или кривично санкционирани.
На оваа тема, која е посебно актуелна во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, како и на темата „Вози одговорно - патувај безбедно“ полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Струмица спроведоа превентивни активности на подрачје на Струмица
Во непосреден разговор со возачите и преку делење на едукативен материјал им беше укажано за потребата од доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, посебно во пресрет на Новогодишните празници. Исто така, на граѓаните им беше укажано да не набавуваат и употребуваат пиротехнички средства.