29 декември 2024

Одделението за превенција при СВР Скопје во општина Центар спроведе превентивна активност под мотото – „Не користи петарди и други пиротехнички средства“

Вчера (28.12.) Одделението за превенција при СВР Скопје на територијата на  општина Центар во делот на ГТЦ, спроведе превентивна активност под мотото – „Не користи петарди и други пиротехнички средства“. 

Притоа во непосредна комуникација со граѓаните тие беа запознаени со ризиците од употреба на оружје или други пиротехнички средтва при прослави, што како појава е посебно актуелна пред и за време на Новогодишните и Божиќните празници. Секој може да биде жртва, а повредените наместо на прослава, празниците да ги дочекаат во операционите сали на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. 

Воедно беа потенцирани и казнените одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место , со која се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните. На граѓаните им беа поделени и информативни летоци со цел подигање на нивото на свест и почитување на законска регулатива, во спротивно истите ќе бидат прекршочно или кривично санкционирани.