28 декември 2024

Регионалниот центар за гранични работи Југ спроведе превентивни активности„Не користи пиротехнички средства“

 Денеска (28.12.) полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Југ во рамки на континуираните превентивни активности на МВР, под мотото - „Не користи пиротехнички средства“ спроведе превентивно-едукативни активности на трите гранични премини под надлежност на оваа организациона единица: „Богородица“, „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ 

Притоа, во непосредна комуникација со патниците тие беа запознаени со ризиците од употреба на оружје или други пиротехнички средства при прослави, што како појава е посебно актуелна пред и за време на Новогодишните и Божиќните празници. 

Воедно од страна на полициските службеници беа потенцирани и казнените одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, со коишто се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните. На патниците им беа поделени и информативни летоци со цел подигање на нивото на свест и почитување на законска регулатива.