Вчера (27.12.) полициски службеници од Полициската станица Гевгелија и лекари од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје одржаа едукативни предавања на тема „Не користи пиротехнички средства“, со ученици од Средното општинско училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија.
Учениците беа запознаени со ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето, како и за тоа дека за набавка, продажба и употреба на пиротехнички средства може да бидат прекршочно или кривично санкционирани.
На оваа тема, која е посебно актуелна во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, полициски службеници од Отсекот за превенција и Одделението за криминалистичка полиција при СВР Струмица во текот на вчерашниот ден спроведоа превентивна активност и со жители на Струмица.