Денеска (27.12.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во содејство со медицински лица од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје, а во рамките на кампањата на МВР со Универзитетската клиника за превенција од употреба на пиротехнички средства меѓу младите, во средните општински училишта „Јовче Тесличков“, „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“ и „Димитрија Чуповски“ во Велес, за учениците беа одржани едукативни предавања на тема - „Петарди не- безбедност пред се”.
Преку наменски подготвена презентација, полициските службеници и медицинските лица ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства. Воедно им беше укажано дека сите пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни повреди и последици по здравјето, а истовремено им беа и предочени и законските казнени мерки со кои може да се соочат околу недозволеното поседување и користење на пиротехнички средства и петарди.