27 декември 2024

Превентивни активности на СВР Струмица

На 26.12.2024 во Струмица од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Струмица реализирана е превентивни активности на тема „Вози одговорно - патувај безбедно“ и „Петарди не-безбедност пред се“.

Истиот ден и на подрачје на Радовиш полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Радовиш во координација со општина Радовиш и Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај реализираа повеќе превентивни активности во рамки на кампањите „Паркирај совесно“, „Стави појас“ и „И јас и ти сме пешаци“.
Со делење на едукативни летоци, обезбедени од РСБПС, на возачите им беше укажано за потребата од доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, а се со цел подигање на свеста кај возачите за безбедно патување, особено во пресрет на Новогодишните празници.
Исто така, на граѓаните им беше укажано за штетните последици кои ги предизвикува злоупотребата на пиротехнички средства, како и за законските одредби кои предвидуваат санкционирање на оние кои употребуваат, набавуваат и продаваат пиротехнички средства.