На 25.12.2024 во општина Босилово од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и Полициската станица Струмица во координација со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот од општина Босилово спроведени се превентивни активности на темите „Вози одговорно - патувај безбедно“ и „Биди одговорен возач - користи зимска опрема“.
Со делење на едукативни летоци, обезбедени од РСБПС, на возачите им беше укажано за потребата од доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи, како и за обврската за користење на зимска опрема .
Целта на оваа активност е подигање на свеста кај возачите за почитување на правилата и прописите за безбедно патување, особено во пресрет на Новогодишните празници