На 25.12.2024 во Битола полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола во соработка со претставници од РСБСП спроведоа превентивни активности „Користи зимска опрема" и „Вози одговорно, патувај безбедно“.
Полициските службеници им укажуваа на возачите за потребата да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, посебно да ја прилагодуваат брзината на движење кон условите и состојбата на патот. Исто така, на граѓаните им беше укажано во пресрет на претстојните празници да не набавуваат и употребуваат пиротехнички средства, затоа што нивната употреба може да предизвика трајни последици по здравјето.
Исто така, вчера (24.12.2024) полициски службеници од СВР Битола во средното училиште„Наум Наумоски Борче" во Крушево и средното училиште „Таки Даскалот" во Битола реализираа превентивни активности на тема „Петарди не- безбедност пред се”, заедно со медицински лица од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје.
За време на предавањето во рамки на коешто преку практична презентација на примери и искуства за ризиците од незаконското користење на пиротехнички средства на учениците им беа пренесени низа важни факти за овој проблем, дополнително им беа поделени и летоци со едукативно-информативна содржина пред се во насока на превенирање на здравствено-безбедносните опасности што потенцијално ги има злоупотребата на петарди и друга пиротехника.