Денеска (25.12.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од Полициските одделенија Шуто Оризари и Мирковци во основните општински училишта „Браќа Рамиз и Хамид“ (Шуто Оризари), и „Кирил и Методиј“ (село Кучевиште) „Александар Урдаревски (село Сандево) реализираа едукативни работилници. Притоа, на работилниците на кои што учествуваа ученици од училишните клубови за превенција при овие училишта беа обработувани темите: „Превенција од пиротехнички средства“, како и „Превенција од семејно насилство“ и „Трговија со деца“.
Покрај ова, денеска Одделението за превенција при СВР Скопје на подрачје на ПСОН Аеродром реализираше едукативна работилница со граѓани членови на Зружение на пензионери „Солидарност“ - огранок „Аеродром“ на тема „Превенција од имотни деликти“ со посебен акцент на измамите, дрските и џебните кражби. На граѓаните им беа посочени начините за препознавање и превенирање на ваквите појави, и особено важноста за благовремена комуникација со полицијата. Воедно, на граѓаните им беа поделени и информативни печатени материјали.