25 декември 2024

„Петарди не- безбедност пред се”, превентивна активност на СВР Велес и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и од ОВР Неготино, денеска (25.12.) во содејство со медицински лица од Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија при КЦ „Мајка Тереза“ од Скопје, а во рамките на кампањата на МВР со Универзитетска клиника -  за превенција од употреба на пиротехнички средства меѓу младите,  во Средното општинско училиште „Кирил и Методиј“ во Неготино,  на учениците им одржаа едукативни предавања на тема „Петарди не- безбедност пред се”.

Преку наменски подготвена презентација, полициските службеници и медицинските лица ги запознаа учениците со опасностите и последиците од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства. Воедно им беше укажано дека сите пиротехнички средства се опасни бидејќи содржат експлозив и можат да предизвикаат тешки и трајни повреди и последици по здравјето, а истовремено им беа и предочени  и законските казнени мерки со кои може да се соочат околу недозволено поседување и користење на пиротехнички средства и петарди.