Денеска (23.12.) во средното општинско училиште„ Цар Самоил“ во Ресен од страна на полициски службеници од ОВР Ресен во соработка со медицински персонал од Јавен здравствен дом Ресен беше одржано едукативно предавање во врска со превенцијата од злоупотребата на пиротехнички средства „Стоп за употреба на пиротехнички средства“.
Предавањето им беше одржано на учениците од прва година, кои беа информирани за штетните последици од употребата на пиротехнички средства. Исто така, во рамки на предавањето беа поделени и летоци со едукативна содржина.
Воедно, полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола, вчера во централното градско подрачје на Битола реализираа превентивна активност на тема - „Алкохол и волан-најлоша комбинација“ при што на возачите покрај дадените препораки во директна комуникација, им беа поделени и едукативни материјали изработени во соработка со РСБСП.