23 декември 2024

Превентивна активност на СВР Тетово

 

На 22.12.2024 на автопатот Тетово – Гостивар, поточно на наплатната станица Тетово, како и во централното градско подрачје во Тетово, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово со претставници од Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај, спроведоа превентивна активност за поголема внимателност на учесниците во сообраќајот во текот на претстојните празници, како и за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови.

На граѓаните покрај корисните совети, им беа поделени и летоци со едукативна содржина, изработени од РСБСП.