Денеска (22.12.) на територија на општина Aеродром, Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе превентивна активност под мотото „Не користи петарди и други пиротехнички средства“.
Притоа, граѓаните беа запознаени со ризиците од употреба на оружје или други пиротехнички средства при прослави, што како појава е посебно актуелна пред и за време на Новогодишните и Божиќните празници. Секој може да биде жртва, а повредените наместо на прослава, празниците да ги дочекаат во операционите сали на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. Воедно, беа потенцирани и казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, со која се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните.
На граѓаните им беа поделени и информативни летоци со цел подигање на нивото на свест и почитување на законската регулатива.