Денеска (20.12.2024) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и лекари од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија одржаа едукативни предавања на тема „Не користи пиротехнички средства“, со ученици од Средните општински училишта „Гоце Делчев“ во Валандово и „Коста Сусинов“ во Радовиш.
Учениците беа запознаени со ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето, како и за тоа дека за набавка, продажба и употреба на пиротехнички средства може да бидат прекршочно или кривично санкционирани.
На оваа тема, која е посебно актуелна во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица во текот на денешниот ден одржаа и три едукативни предавања пред ученици од основни училишта. Од нив, две предавања беа одржани пред учениците од шесто до деветто одделение од Основното училиште „Кирил и Методи“ во село Дабиле, струмичко и едно предавање пред учениците од шесто до деветто одделение од Основното училиште „Гоце Делчев“ во село Василево, струмичко.