20 декември 2024

Едукативна работилница на ОВР Ресен

Денеска (20.12.) полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола во основното училиште „Гоце Делчев“ во Ресен одржаа едукативна работилница во рамките на  кампањата „Стоп за употреба на пиротехнички средства“. На работилницата на учениците им беше укажано за штетните последици од употребата на пиротехнички средства. Исто така, во рамки на активноста беа поделени и летоци со едукативна содржина.

Инаку, и вчера од страна на полициски службеници од полициското одделение за безбедност во сообраќајот на патиштата при ОВР Ресен беше реализирана превентивна активност насочена кон поголема безбедност во сообраќајот на тема „Користи зимска опрема“ при што на возачите на моторни возила им беше поделен едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП.