Денеска (20.12.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ во село Горно Оризари, велешко, беше одржана едукативна работилница со учениците од шестто до деветто одделение, на повеќе теми: „Насилство во училиштата“, „Врсничко насилство“, „Сајбер Булинг“, и „Кажи не на зависности од дрога, алкохол, цигари“.
На работилницата, преку наменска презентација, учениците беа запознаени со формите на насилничко однесување, начините и методите за справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, а им беше укажано и на последиците. Воедно тие беа информирани за штетноста по здравјето од користењето наркотици, алкохол и цигари, за формите и манифестацијата на зависностите, како и за агресивното и асоционалното однесување што е последица од користење на наркотици. Односно генерално за сите негативни влијанија коишто ги имаат зависностите врз развојот на младата личност.
Исто така, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци во општинското основно училиште „Страшо Пинџур“ на учениците од шесто одделение, како и во општинското основно училиште „Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци, за учениците од петто одделение, беше одржано едукативно предавања на тема – „Не за користење на пиротехнички средства и петарди“, каде на младите им беа претставени штетните последици од користењето на пиротехнички средства.