Одделението за превенција при СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (19.12.) во соработка со Полициските станици од општа надлежност Ѓорче Петров и Драчево реализираше три едукативни работилници во училишта на подрачјето на надлежност на овие полициски станици.
Така, во основните општински училишта „Мирче Ацев“ и „Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски“ на подрачјето на ПСОН Ѓорче Петров беа реализирани две едукативни работилници со членови - ученици од училишните Клубови за превенција а на темата – „Превенција од насилство преку општествените мрежи, односно сајбер булинг“. Додека пак во општинското основно училиште „Марко Цепенков“ (Драчево) беше одржана едукативна работилница, исто така со ученици членови на училишниот Клуб за превенција на темата – „Заштита од пиротехнички средства“.