Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово во рамки на превентивните активности во врска со незаконската употреба на огнено оружје и пиротехнички средства, пред се во контекст на претстојните празници, но и при организирање на семејни веселби и прослави, вчера (19.12.) имаа работна средба со менаџери на угостителски објекти на подрачјето на општина Тетово. Притоа, полициските службеници укажаа на потребата од доследно почитување на законските одредби особено од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, за нивните должности како правни и одговорни лица или трговци поединци коишто вршат угостителска дејност, а во насока на преземање соодветни мерки за мирно одржување на прославите во угостителските објекти и како да се реагира при евентуалното нарушување на јавниот ред и мир.
Посебен акцент покрај употреба или пукање со огнено оружје или пиротехнички средства надвор од законските правила и прописи, имаше и околу точењето на алкохол на малолетни лица и други недозволени појави и однесувања.