19 декември 2024

Едукативни работилници на СВР Велес

Денеска (19.12.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во oпштинското основно училиште „Кирил и Методиј“ во Велес, беа одржани едукативни работилници со учениците од шестто до деветто одделение, на темите „Насилство во училиштата“, „Врсничко насилство“, и „Сајбер Булинг“.  

На работилницата преку наменска презентација учениците беа запознаени со формите на насилничко однесување, начините и методите за справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите, а им беше укажано и на последиците од девијантното однесување, како и укажување на внимателност на користење на социјалните мрежи, односно неприфакање на било какви постирани предизвици, кои може да им наштетат на младата категорија на граѓани. 
Исто така на учениците им беа одржани и едукативни предавања на тема ,,Не за користење на пиротехнички средства и петарди“ и им беа преставени штетните последици од користењето на пиротехнички средста како и опасностите по здравјето и безбедноста и законските прописи од недозволеното користење на пиротехнички средства.