Вчера (13.12.), полициски службеници од СВР Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во централното подрачје на Битола спроведе превентивна активност под мотото „Користи зимска опрема - биди одговорен возач“.
Активноста беше спроведена со цел зголемување на сообраќајната култура во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. На возачите им беа делени и информативно-едукативни печатени материјали, изработени во соработка со РСБСП.
Полициски службеници од ОВР Македонски Брод, вчера (13.12.) на повеќе локации во Македонски Брод реализираа превентивна активност под мотото „Нови згради, нови жители" како и - „,Заштити се од џепни кражби“. Притоа, беа поделени летоци со едукативна соодржина и корисни совети за заштита од кривични дела како разбојништво, дрски кражба, кражба, измама и друго. Притоа, на граѓаните им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата, со брзо и точно пријавување на бесплатниот број 112, а во насока на навремена реакција и преземање соодветни мерки.