Вчера (12.12.) полициски службеници од СВР Битола и ОВР Ресен при СВР Битола спроведоа превентивна активност насочена кон превенција од зависностите и врсничкото насилство. Активноста беше спроведена со учениците од средното општинско училиште „Цар Самоил“ во Ресен.
Учениците беа запознаени со законските реперкусии, но и последиците кои произлегуваат од користење и трговија со дрога и алкохол. Исто така, инспекторите на учениците им укажуваа за ризиците и последиците од насилството меѓу младите и за ризиците што произлегуваат од несоодветното користење на социјалните мрежи, односно како навремено да ги препознаат и превенираат.
Покрај ова, и полициски службеници од ОВР Ресен, ОВР Крушево, како и од ОВР Македонски Брод во текот на вчерашниот ден беа насочени кон реализација на превентивни активности во насока за побезбеден сообраќај, како и по проектите на СВР Битола „Безбедна заедница -мирна заедница“. За време на реализација на сите активности беше поделен и печатен едукативен материјал.